Halil Demir
20 Април 2021•Ажурирај: 21 Април 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили уапсија 14 странски државјани за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, соопшти денес претставник на безбедносните служби, јавува Агенција Анадолија (АА).
Антитерористичките единици спроведоа истовремени рации на осум адреси во четири дистрикти во Истанбул.
Во рациите од безбедносните единици запленети се дигитален материјал и документи на организацијата.
Во 2013 година, Турција беше една од првите земји во светот што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш во земјата извршени се многу напади од терористичката организација. Над 300 лица загинаа, а стотици беа повредени во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади.
Како одговор, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи нови напади.