Emin Avundukluoğlu
08 Ноември 2019•Ажурирај: 10 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турција предвидува дека 2019 година ќе ја заокружи со посетеност од речиси 52 милиони туристи, истакна претседателот на турскиот Парламент, Мустафа Шентоп, јавува Anadolu Agency (AA).
На 5. консултативна средба на претседатели на парламенти, МИКТА, во Мексико, Мустафа Шентоп потсети дека Турција се наоѓа на шестото место во светот по бројот на туристи.
„Според постојните податоци, предвидуваме годината да ја завршиме со вкупна посетеност од скоро 52 милиони туристи“, рече Шентоп.
„За 2023 година, целта е бројот на туристи во Турција да достигне 75 милиони, со постигнат приход од туризмот од 65 милијарди долари“, додаде тој.
Во првите девет месеци од оваа година, приходот на Турција од туризмот достигна над 26,6 милијарди долари, што претставува пораст за 16,15 отсто од 22,9 милијарди долари, колку што изнесуваше приходот за истиот период минатата година.
Трошоците на Турција во полето на туризмот, во истиот период, достигнаа 3,37 милијарди долари, според официјалните податоци.
„Практикуваме нов модел за туризмот, кој не ги игнорира факторите за екотуризам, создавајќи алтернативни видови туризам“, нагласи Шентоп.
Основана во 2013 година, МИКТА претставува неформално партнерство помеѓу Мексико, Индонезија, Јужна Кореја, Турција и Австралија.
Турските претставници апелираат до земјите членки за поголеми напори со цел МИКТА поефикасно да работи.