Турција

Турскиот парламент ја осуди резолуцијата на американскиот Сенат за ерменските тврдења

Парламентот ги повика историчарите прецизно да ја информираат јавноста за предметните настани, додавајќи дека Турција ја отворила својата богата архива за сите истражувачи, вклучувајќи ги и Ерменците

Sinan Uslu  | 13.12.2019 - Обновена : 15.12.2019
Турскиот парламент ја осуди резолуцијата на американскиот Сенат за ерменските тврдења

АНКАРА (AA) - Турскиот парламент објави заедничка декларација со која ја осудува резолуцијата на американскиот Сенат за ерменските тврдења, јавува Агенција Анадолија (АА).

Државниот парламент на Турција ја осуди резолуцијата и ја прогласи за неважечка бидејќи се занемарени основните правила на меѓународното право со отфрлање на историските факти.

Оваа одлука, сметаат пратениците во турскиот Парламент, нема правна правна вредност и нема да биде врзана за Сенатот по следниот изборен процес, бидејќи очигледно е дел од валката политичка игра.

Парламентот ги повика историчаите прецизно да ја информираат јавноста за предметните настнаи, додавајќи дека Турција ја отворила својата богата архива за сите истражувачи, вклучувајќи ги и Ерменците.

„Одлуката на американскиот Сенат е ништовна во поглед на историјата и законите, како и нашата ценета нација и глобалната заедница", се додава.

Американскиот сенат во четвртокот усвои резолуција со која ерменските настани од 1915 година се признаваат како „геноцид".

Предлог резолуцијата ја претставија сенаротот на Демократската држава Њу Џерси Боб Менендез и републиканскиот сенатор од Тексас Тед Круз.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın