Mustafa Bikeç
21 Април 2021•Ажурирај: 23 Април 2021
ЧАНАККАЛЕ - Во местото Ајваџик во турската област Чанаккале турската крајбрежна стража од водите на Егејското Море спаси 18 мигранти кои од страна на грчките елементи биле истуркани во турските територијални води, јавува Агенција Анадолија (АА).
Екипите на Командата на крајбрежната стража на Турција преминаа во акција по добиената информација дека група странци се забележани во чамец на отворено море кај местото Ајваџик.
Крајбрежната стража спроведе операција во која спаси 18 лица кои од страна на грчката крајбрежна стража биле истуркани кон турските територијални води.
По спроведените законски процедури, мигрантите му се предадени на Центарот за враќање на странци во Ајваџик.