Fatih Hafız Mehmet
30 Октомври 2018•Ажурирај: 30 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, денес соопшти дека турските безбедносни сили во период од една година неутрализирале вкупно 1.451 терорист, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во текот на изминатата година се неутрализирани 1.451 припадник на ПКК, 40 припадници на екстремно-левичарските организации, а притворени се 336 припадници на ДЕАШ“, истакна Сојлу на прес-конференцијата во Анкара.
Тој соопшти дека во истиот период против ПКК се изведени 91.297 операции, против терористичката организација ФЕТО 38.725, против ДЕАШ 2.483 и против екстремно-левичарските терористички организации 655 операции.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Над 300 лица ги изгубија своите животи во нападите на терористичката ДЕАШ во Турција, каде што како цел на нејзините самоубиствени, ракетни и вооружени напади беа цивили.