свет

Во Њујорк отворена третата изложба на Istanbul Photo Awards 2025

Натпреварот, кој се одржува традиционално веќе 11 години, оваа година прими речиси 22.000 пријави од фотографи од 114 националности

Aida Cako  | 21.10.2025 - Обновена : 21.10.2025
Во Њујорк отворена третата изложба на Istanbul Photo Awards 2025 Фото: Selçuk Acar/AA

СКОПЈЕ (АА) – Третата изложба од Меѓународниот натпревар за новинска фотографија на Агенција Анадолу, Istanbul Photo Awards 2025, беше отворена вчера во Њујорк.

По оценувањето од страна на меѓународното жири, на натпреварувањето наградени беа 29 фотографи во 10 категории. Победничките фотографии, кои претходно беа изложени во Анкара и Истанбул, сега се претставени во „Блу галери“ во Њујорк.

Натпреварот, кој се одржува традиционално веќе 11 години, оваа година прими речиси 22.000 пријави од фотографи од 114 националности.

Посетителите на изложбата можат да погледнат силни и емотивни фотографии што ги документираат големите светски настани – од израелските напади врз Газа и разорните поплави во Источна Африка, до ерупцијата на вулканот во Исланд, атлетите од Олимписките игри во Париз 2024, борбата на авганистанските жени за живот, преживеаните од затворот Седнаја во Сирија, бразилските сурфери кои се соочуваат со огромни бранови, како и мигрантите што ги ризикуваат животите на опасните патувања.

Наградените фотографии ќе бидат изложени во „Блу галери“ до 26 октомври, по што ќе бидат претставени и во седиштето на Обединетите нации (ОН).

Натпреварот ги оценува поединечните и фотографиите во серијали во категориите вести, спорт, природа и животна средина, портрет и секојдневен живот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.