Aida Cako
21 Октомври 2025•Ажурирај: 22 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Три лица се ранети во напад со беспилотно летало во текот на ноќта врз градот Херсон, Украина, соопштија денес локалните власти, пренесува Анадолу.
Воената администрација на градот Херсон објави дека руските сили го нападнале округот Корабелни користејќи беспилотни летала од типот „Шахед“ од иранско производство.
„70-годишна жена и двајца мажи на возраст од 53 и 76 години беа однесени во болница со повреди од експлозија, потреси на мозокот и рани од шрапнели“, се вели во соопштението на администрацијата на Телеграм, додавајќи дека еден од мажите претрпел отворена фрактура на подлактницата.
Сите три жртви добиваат лекарска помош.
Херсон, ослободен од украинските сили во ноември 2022 година, продолжува да се соочува со чести гранатирања и напади со беспилотни летала од руските позиции преку реката Днепар.