Maımaıtımıng Yılıxıatı
30 Октомври 2018•Ажурирај: 30 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Турските обвинители денес издадоа налози за апсење на 69 осомничени лица поради сомнение за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението издадено од Канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара, 29 осомничени лица се товарат за откривање на прашањата за испитот за полициско регрутирање во 2011 година на службеници поврзани со ФЕТО.
Операциите спроведени од Анкара сè уште се вво тек во седум области.
Од истата канцеларија се издадени и налози за апсење на 40 осомничени припадници на ФЕТО како дел од истрагата во Командата на турските копнени сили, од кои 21 се активна служба. Акциите се спроведуваат во 21 област.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.