?kipa
30 Октомври 2018•Ажурирај: 31 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Главниот јавен обвинител на Саудиска Арабија, Сауд ал Муџеб, денес по втор пат го посети Судот во Истанбул во врска со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
Сауд ал Муџеб и вчера ја посети Палатата на правдата „Чаглајан“ во Истанбул, каде што се состана со истанбулскиот главен јавен обвинител, Ирфан Фидан.
Ал Муџеб и делегацијата што е во негова придружба пристигнаа во Истанбул вчера во раните утрински часови.
Џамал Кашоги, саудиски новинар и колумнист во весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post), исчезна по влегувањето во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври.
По неколкунеделно негирање дека имаат какви било сознанија за Кашоги, саудиските претставници минатата недела признаа дека новинарот е убиен во просториите на Конзулатот.
Турската полиција го истражува случајот, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека 18-те лица уапсени во врска со убиството во Саудиска Арабија треба да бидат испратени во Турција за да им се суди.