„Туркиш ерлајнс“ ги обнови летовите од Истанбул до сириски Алепо
Од падот на режимот на Асад во Сирија минатиот декември, обновени се повеќе летови помеѓу Турција и Сирија

СКОПЈЕ (АА) – Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ денес ги обнови летовите од Истанбул до Алепо, вториот најголем град во Сирија по население, јавува Анадолу.
Според соопштението на авиокомпанијата, летови Истанбул - Алепо ќе има секој ден.
Специјални повратни билети за повторното отворање на линијата ќе бидат достапни за купување по цени што почнуваат од 299 долари.
Од падот на режимот на Асад во Сирија минатиот декември, обновени се повеќе летови помеѓу Турција и Сирија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.