Mahmut Atanur
10 Април 2017•Ажурирај: 10 Април 2017
ЏАКАРТА (АА) - Индонезија упати апел до Обединетите нации (ОН) за решавање на кризата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Индонезија, Арманатха Насир, упати апел до ОН за решавање на конфликтите во регионот, вклучувајќи го и последниот напад со хемиско оружје којшто беше изведен во појасот Хан Шејхун, во сирискиот град Идлиб.
Насир го осуди нападот со хемиско оружје извршен во градот Идлиб, и истакна дека владата на Индонезија ги охрабрува преговорите за решавање на сириското прашање, како еден сеопфатен политички процес.
Тој соопшти дека на никаков начин не ги поддржуваат едностраните акции, вклучувајќи го и ракетниот напад врз воздухопловната база на сирискиот режим од страна на САД, кои не се поддржани од страна на Советот за безбедност на ОН.
Портпаролот Насир истакна дека Индонезија не зазема страна во конфликтот во Сирија и нагласи дека ги поддржуваат одлуките во рамките на ОН, за решавање на хуманитарната ситуација и за изнаоѓање решение за конфликтот во Сирија.