Gülşen Topçu
10 Април 2017•Ажурирај: 10 Април 2017
КАИРО (АА) - Во последните седум години во Египет се изведени најмалку 33 напади врз цркви, јавува Anadolu Agency (AA).
Вчера, во два одвоени терористички бомбашки напади врз коптските цркви Св.Ѓорѓи во Танта и Св. Марко во Александрија загинаа најмалку 43 луѓе, а тоа повторно на дневен ред ги стави честите напади врз црквите во земјата.
Полицијата спречи бомбаш-самоубиец во обидот да влезе во коптската црква во Александрија, по што тој го активирал експлозивот пред црквата. Во нападот загинаа најмалку 16, а беа повредени 41 лице. Во храмот се одржуваше миса по повод христијанскиот празник во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кој во присуство на стотици верници ја предводеше коптскиот папа Тавардос II.
Неколку часа подоцна, во северниот дел на Египет во градот Танта е изведен бомбашки напад во коптска црква, при што загинаа 27, а беа повредени 78 лица.
Полицаецот кој го сопре бомбашот-самоубиец на влезот од црквата во Александрија спречи уште поголема трагедија од вчерашните напади, за кои презеде одговорност терористичката организација ДЕАШ.
Во изминатите седум години, црквите во Египет беа цел на смртоносни напади најмалку 33 пати, а најчести цели на напади беа црквите на коптската христијанска заедница што сочинува десет отсто од вкупно 90 милиони жители на Египет.
Египет, летото 2013 година, стана средиште на длабока политичка и безбедносна криза која ескалираше со воен удар со кој беше соборен од власт првиот демократски избран претседател на земјата, Мухамед Морси, а на власт дојде дотогашниот началник Абдел Фатах ел-Сиси.
Политичката и безбедносна криза во Египет во голема мера ги засени нападите врз црквите во таа земја, а актуелниот претседател Сиси синоќа прогласи тримесечна вонредна состојба и најави решителна борба против тероритите. Прогласувањето на вонредната состојба не е донесено во согласност со уставната одредба која предвидува и одобрување од Парламентот, а Сиси тврди дека сака што поскоро да се справи со терористите и странските платеници кои сакаат да го дестабилизираат Египет.
Во текот на масовните демонстрации на 14. август 2013 година, истиот ден ширум Европа се запалени или на друг начин се уништени најмалку 26 цркви.
Советот за безбедност на ОН синоќа најостро ги осуди нападите на црквите во Египет и ги повика земјите-членки на ОН да соработуваат со египетските власти во борбата против тероризмот.