Shpetim Hiseni
10 Април 2017•Ажурирај: 11 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Христијанските верници во Ерусалим го одбележаа празникот Цветници, кој е симбол на триумфалното влегување на Исус во Ерусалим, излегувајќи на патишта и поставувајќи палмини гранки по патот по кој тој чекорел, во знак на радост, јавува Anadolu Agency (AA).
Голем број христијански верници се собраа во Бејт Фаџар во Ерусалим, поминувајќи низ Маслиновата гора, за потоа да пристигнат пред Иродовата порта (Сахира) во стариот Ерусалим.
Литургијата што се одржа во рамките на празникот беше предводена од страна архиепископот Пицибала, апостолски администратор на Ерусалимскиот латински патријарх.
Во меѓувреме, безбедносните сили на Израел презедоа безбедносни мерки на улиците од градот.
Празникот е одбележан и од страна на православните христијани во Газа, со литургијата одржана во Црквата на Свети Порфириј во Газа, која беше предводена од страна на архиепископот Алексиос.
Од друга страна, одбележувањето на празникот во градот Рамала на Западниот Брег, беше придружено со музички бенд.
Инаку, празникот Цветници се прославува во последната недела пред Велигден, додека за време на празникот, христијанските верници држат палмини гранки, кои ги симболизираат гранките што биле послани пред Исус при неговото влегување во Ерусалим.