Büşra Selvi Öğütcen
10 Април 2017•Ажурирај: 10 Април 2017
РИМ (АА) - Италијанската полиција го уапси поранешниот мексикански официјален претставник, Томас Јарингтон, осомничен за соработка со озлогласен нарко клан, перење пари и за други тешки кривични дела, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека уапсениот Јарингтон е еден од најбараните мексикански бегалци, кој се товари за корупција, повеќемилионско примање мито, перење пари и за соработка со нарко кланот Гулф, додека ја извршувал функцијата гувернер од 1999 до 2004 година.
Јарингтон во 2012 година е исфрлен од партијата Институционална револуција во Мексико и оттогаш е недостапен за мексиканските органи на прогонот.