Турција

Трилатерален самит на Турција, Италија и Либија во Истанбул

Ердоган ги пречека Мелони и Дебејбе со посебни официјални церемонии во претседателската работна канцеларија во Долмабахче

Asiye Latife Yılmaz  | 01.08.2025 - Обновена : 01.08.2025
Трилатерален самит на Турција, Италија и Либија во Истанбул Фото: Турско Претседателство/Murat Kula

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Истанбул ги прими италијанската премиерка Џорџа Мелони и либискиот премиер Абдул Хамид Дебејбе, во рамките на самитот за соработка на Турција, Италија и Либија, јавува Анадолу.

Ердоган ги пречека Мелони и Дебејбе со посебни официјални церемонии во претседателската работна канцеларија во Долмабахче.

На состаноците зад затворени врати присуствуваа турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, шефот на Националната разузнавачка служба Ибрахим Калин и Акиф Чагатај Килич, главниот советник на Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.