Mehmet Hatipoğlu
13 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
АТИНА (АА) - Грција нема да учествува во евентуалното воено дејствување на САД во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Грчкиот премиер, Алексис Ципрас во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон објави дека грчките вооружени сили нема да учествуваат во можниот напад во Сирија.
Ципрас и Макрон разговараа за случувањата во Сирија, но и најавија зајакнување на соработката меѓу Грција и Франција на полето одбрана.
Русија во вторник стави вето на нацрт текстот со кој би се воспоставило ново стручно тело за утврдување на вината за наводните хемиски напади во Сирија.
Нацртот на резолуцијата на САД доби огромна поддршка во Советот за безбедност со 12 гласови за и само два против (Русија и Боливија), додека Кина беше воздржана.