Темпото на пренос на Ковид-19 во Турција успорено по целосниот карантин во земјата
Во Турција за време на целосниот карантин администрирани се 3,5 милиони дози вакцини против Ковид-19

АНКАРА (АА) - Бројот на заразени со коронавирусот во Турција се намали за 72 отсто по 17-дневниот целосен карантин што започна на 29 април, а заврши вчера изутрина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците собрани од АА од официјалните соопштенија на Министерството за здравство, бројот на случаи со Ковид-19 во земјата на 29 април изнесувал 37.674.
Бројот на случаи во текот на април беше во опсегот на 30.000, а на 8 мај падна под 20.000.
На последниот ден од карантинот, во неделата, во Турција пријавени се 10.512 случаи на вирусот. А вчера, Министерството информира дека регистрирани се 10.174 нови случаи.
Стапката на позитивни значително опадна за време на карантинот.
На 29 април, стапката на позитивни беше 13,55 отсто, а се намали на 7,89 отсто на 8 мај. На 16 мај пријавена е стапка од 5,20 отсто, најниска од месец февруари.
Со намалувањето на бројот на случаи, опадна и бројот на смртни случаи и критично болни пациенти на дневна основа.
Дневниот број на смртни случаи опадна од над 330 на 220.
Во Турција за време на целосниот карантин администрирани се 3,5 милиони дози вакцини против Ковид-19.