Балкан

Северна Македонија го одбележува Денот на Генералштабот на Армијата и шестгодишнината од пристапувањето во НАТО

„Горди сме што како држава даваме голем придонес во Алијансата и што нашите македонски војници се признати за нивниот професионализам и посветеност“

Elena Trenchevska Chekovikj  | 27.03.2026 - Обновена : 27.03.2026
 Северна Македонија го одбележува Денот на Генералштабот на Армијата и шестгодишнината од пристапувањето во НАТО Фото: Министерот за одбрана на РСМ, Владо Мисајловски/FB

СКОПЈЕ (АА) – Министерството за одбрана на Северна Македонија го одбележа 28 март, Ден на Генералштабот на Армијата и Ден на пристапувањето во НАТО, пренесува Анадолу.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски преку социјалните мрежи порача дека овие два датума „ги истакнуваат посветеноста и визијата на сите што ја развиваат и модернизираат македонската Армија“, објавувајќи фотографии од нивното свечено одбележување.

„Со нова опрема, инвестирање во човечкиот капитал и инфраструктурата, македонската Армија станува уште посилна и подготвена да ја гарантира безбедноста на татковината“, истакна Мисајловски во објавата, упатувајќи честитки по повод Денот на Генералштабот на Армијата и додаде:

„Горди сме што како држава даваме голем придонес во Алијансата и што нашите македонски војници се признати за нивниот професионализам и посветеност.“​​​​​​​

На денешен датум во 2020 година Република Северна Македонија стана 30. членка на НАТО.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.