свет, Коронавирус

СЗО предупреди дека пандемијата на Ковид-19 може да се влоши: Многу земји одат во погрешен правец

- Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебреисус смета дека е потребно да се направи сѐ што е можно за да се прекине синџирот на ширење на заразата

Bayram Altuğ   | 13.07.2020
СЗО предупреди дека пандемијата на Ковид-19 може да се влоши: Многу земји одат во погрешен правец

ЖЕНЕВА 

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебреисус предупреди дека, кога станува збор за пандемијата на коронавирусот, доаѓа до сериозно зголемување на бројот на заразени, јавува Агенција Анадолија (АА).

Гебреисус во Женева одржа онлајн конференција за медиумите и во таа прилика соопшти дека вчера во светот се потврдени 230.000 нови случаи на зараза, од кои 80% се евидентирани во 10 земји од светот.

Тој изрази загриженост во врска со вирусот, истакнувајќи дека сите земји се под ризик и сите се погодени.

Гебреисус потсети дека е можно многу земји во Европа и на други континенти можат заразата да ја стават под контрола.

„Гледаме дека во многу земји во светот доаѓа до опасно зголемување на бројката на случаи, и болничките соби се полни. Може да се забележи дека многу земји не ги спроведуваат докажаните мерки во насока на намалување на ризикот или го губат оствареното бидејќи не ги почитуваат“, рече Гебреисус.

Тој се осврна и на ситуацијата на американскиот континент, истакнувајќи дека на тоа подрачје се потврдени повеќе од половината на целокупната бројка на заразени во светот.

„Доколку треба да се биде директен, голем број земји одат во погрешен правец. Вирусот и понатака е главен непријател на луѓето, но голем број влади и постапките на луѓето, тоа не го покажуваат. Главна цел во врска со вирусот е пронаоѓање на заразените лица. Збунувачките пораки на лидерите ја саботираат довербата, што е најважен елемент во врска со пандемијата.Доколку не се почитуваат основните принципи, оваа пандемија ќе се влоши и ќе биде многу полошо. Но тоа не мора да биде така“, изјави тој.

Гебреисус смета дека лидерите, владите и луѓето мораат да сторат сѐ што можат за да го раскинат синџирот на ширењето на заразата.

Тој додаде дека е неопходно да се намали процентот на смртни случаи, да се намали брзината на ширење на вирусот, да се преземат индивидуални мерки, а власта да воведе сеопфатни стратегии.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın