свет

СЗО: Данска прва во ЕУ го елиминираше пренесувањето на ХИВ и сифилис од мајка на дете

- „Елиминацијата на пренесувањето на ХИВ и сифилис од мајка на дете претставува големо достигнување во јавното здравје на Данска“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус во соопштението објавено денес.

Beyza Binnur Dönmez  | 27.02.2026 - Обновена : 27.02.2026
 СЗО: Данска прва во ЕУ го елиминираше пренесувањето на ХИВ и сифилис од мајка на дете

ЖЕНЕВА (АА) – Светската здравствена организација (СЗО) ја сертифицираше Данска како прва земја од Европската Унија што го елиминирала пренесувањето на ХИВ и сифилис од мајка на дете, признавајќи ги долгорочните напори за обезбедување бебињата да се раѓаат без овие инфекции, јавува Анадолу.

„Елиминацијата на пренесувањето на ХИВ и сифилис од мајка на дете претставува големо достигнување во јавното здравје на Данска“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус во соопштението објавено денес.

„Овој успех покажува дека со силна политичка посветеност и континуирани инвестиции во примарната здравствена заштита и интегрираните услуги за мајчино и детско здравје, земјите може да ги заштитат секоја бремена жена и новороденче од овие болести“, додаде тој.

Потврдата значи дека Данска ги исполнила сите цели на СЗО во периодот од 2021 до 2024 година, вклучително и ниски стапки на пренос и висока покриеност со пренатално тестирање и третман.

„Како прва земја членка на Европската Унија што го постигнала овој успех во јавното здравје, Данска е доказ за силата на нејзиниот систем за мајчино здравје и долгорочната посветеност да стигне до секоја бремена жена со потребната грижа“, изјави регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Хенри П. Клуге.

Надлежните истакнаа дека универзалното здравствено осигурување, интегрираниот скрининг за време на бременоста и силните системи за собирање податоци биле клучни фактори за успехот.

„Оваа сертификација од СЗО е горд момент за Данска“, изјави министерката за здравство Софи Лонд.

Од СЗО додадоа дека Данска сега работи кон елиминирање и на хепатитис Б како дел од пошироката цел за „тројна елиминација“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın