Gamze Türkoğlu Oğuz,Emel Öz Gözellik,Zehra Ulucak
08 Февруари 2018•Ажурирај: 10 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - И покрај превентивните мерки кои се преземаат во голем број земји во светот против консумирањето цигари, сѐ уште во светот, повеќе од 1 милијарда луѓе консумираат цигари. Секоја година околу 7 милиони луѓе умираат од болести предизвикани од цигарите, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Светската здравствена организација (WHO) за 2017 година, цигарата, која е една од најголемите здравствени закани со кои се соочува светската популација, секоја година одзема околу 7 милиони животи.

Од оваа бројка, 6 милиони лица умираат од активно консумирање цигари, додека 890.000 лица кои не пушат, умираат поради изложеноста на чад од цигари.
- 90 супстанци во цигарата предизвикуваат рак -
Во составот на цигарите се наоѓаат околу 5.000 хемиски супстанци. Меѓу нив, постојат 90 супстанци од кои дел предизвикуваат рак, додека за дел од нив постои сомневање дека се предизвикувачи.
Според последните ажурирани податоци на Светската здравствена организација од 2015 година, Индонезија, Русија и Кина се земји во кои се консумира најголемо количество цигари.
- Пакувањата на кутиите за цигари и кампањите имаат големо влијание -
За рекламите против тутунот и графиците и фотографиите кои се наоѓаат на кутиите за цигари, се вели дека го намалуваат процентот на лица кои започнуваат да консумираат цигари, а истовремено, го зголемуваат бројот на лица кои прекинуваат со пушењето.
Според Светската здравствена организација, во 42 земји од светот во кои живее 19 отсто од светското население, на кутиите за цигари постои предупредување во вид на фотографија. Голем дел од нив се земји со ниски или средни приходи.
Кампањите против цигарите кои се презентираат во медиумите имаат големо влијание младината да престане со консумирањето на цигари или пак тоа да го намали. Во 39 земји од светот, во кои живее повеќето од половината на светската популација, во последните две години во медиумите е водена најмалку една масовна кампања против консумирањето цигари.
Забраните за реклама, промоција и спонзорство на сите продукти од тутун овозможија на светско ниво да дојде до намалување на потрошувачката на цигари за 7 отсто, додека во некои земји тој процент достигнува и 16 отсто.
- Предупредување за забрана на трговија со нелегални производи од тутун -
Светската здравствена организација истакнува дека трговијата со нелегални производи од тутун, освен големи здравствени проблеми, предизвикува вознемиреност од економска и од безбедна гледна точка.
Во светот, 1 од 10 производи од тутун и цигари кои се консумираат е нелегален.
Нелегалните пазари на тутун се финансирани од различни актери, почнувајќи од мобилни продавачи, па сè до организирани криминални групи.