свет, Коронавирус

Во Шпанија нов пораст на заразени по прекинот на ограничувањата

- Шпанија се соочува до десетици места на ново избивање на пандемијата. Состојбата во две места беше толку влошена овој викенд, при што е воведен карантин во некои делови од Галиција и Каталонија.

Ekip  | 06.07.2020 - Обновена : 07.07.2020
Во Шпанија нов пораст на заразени по прекинот на ограничувањата

ОВИЕДО

Во Шпанија викендов е забележан нов раст на заразени лица од Ковид-19, кој досега не беше забележан по периодот на прекинот на ограничувањата за движење, покажуваат новите податоци објавени од Министерството за здравство, јавува Агенција Анадолија (АА).

Податоците покажуваат дека бројот на заразени лица од петокот се зголемил за 1.244, со што вкупниот број на потврдени случаи на заразување во Шпанија изнесува 251.789.

Порастот на нови случаи е значително поголем отколку претходните викенди во текот на изминатиот месец.

Потврдениот број на заразени во текот на изминатата недела исто така достигна 2.347, достигнивајќи највисок број на заразени на неделно ниво од 3 јуни.

Шпанија се соочува со десетици места на ново избивање на пандемијата. Состојбата во две места беше толку влошена овој викенд, што доведе до воведување на карантин во некои делови од Галиција и Каталонија.

Погодените области, во кои живеат околу 270.000 лица, се изолирани од останатиот дел на Шпанија и воведени им се поголеми рестриктивни мерки на социјално дистанцирање.

Шпанскиот министер за здравство, Салвадор Иља изјави дека стратегијата на земјата е да спроведе карантински мерки во местата каде што вирусот побрзо се шири.

Поголемиот дел на Шпанија функционира нормално од 21 јуни, денот кога беше укината вонредната состојба. Луѓето се враќаат во нормалните активности, но носењето маски останува задолжително секаде каде што не може да се држи растојание од 1,5 метри меѓу луѓето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın