Во Иран во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 389 лица
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починале уште 389 лица.

ТЕХЕРАН
Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 47.875, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починале уште 389 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од вирусот во Иран пораснал на 47.875.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 12.950 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголемил на 948.749.
Според Лари, 5.859 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 658.292 лица.
Таа нагласи дека во Иран досега се направени 6.081.952 тестирања за Ковид-19.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.