свет, Коронавирус

Во Германија регистрирани повеќе од 90.000 нови случаи на Ковид-19

Високозаразната варијанта Омикрон е причина за големиот пораст на бројот на нови случаи. Според неделниот извештај на Институтот, оваа варијанта сега сочинува 73 отсто од новите случаи на вирусот во земјата

Ayhan Şimşek   | 14.01.2022
Во Германија регистрирани повеќе од 90.000 нови случаи на Ковид-19

БЕРЛИН (АА) - Во Германија денеска се регистрирани повеќе од 90.000 случаи на коронавирусот, што претставува највисоката бројка на дневно ниво од почетокот на пандемијата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Од Институтот „Роберт Кох“ соопштија дека во изминатите 24 часа се потврдени 92.223 нови случаи на Ковид-19, а 286 починале како последица на вирусот.

Високозаразната варијанта Омикрон е причина за големиот пораст на бројот на нови случаи. Според неделниот извештај на Институтот, оваа варијанта сега сочинува 73 отсто од новите случаи на вирусот во земјата.

И покрај порастот на бројот на новозаразени, повеќето досега се со благи симптоми кои не бараат хоспитализација.

Стапката на хоспитализација во Германија денеска изнесуваше 3,23 на 100.000 жители, многу пониска од бројките забележани во претходните бранови на пандемијата.

Според официјалните податоци, бројот на пациенти со Ковид-19 во одделите за интензивна нега, исто така се намали оваа недела. Во четвртокот беа зафатени 2.960 кревети на одделите за интензивна нега, а околу 3.050 кревети беа слободни.

Сепак, здравствените власти предупредуваат дека Омикронот се шири значително побрзо од претходните варијанти и може да го преоптовари здравствениот систем, доколку бројот на случаи продолжи драматично да се зголемува во наредните денови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.