живот

„ТРТ Ворлд“ ќе го прикаже документарецот „Жените затвореници на Сирија: Бегство од тортура“

Во документарниот филм специјално подготвен за 10-годишнината од почетокот на граѓанската војна во Сирија, се вклучени приказните за спас на жените што биле изложени на тортура во затворите на Башар ал Асад, и нивниот нов живот.

Ayşe Şensoy Boztepe   | 03.05.2021
„ТРТ Ворлд“ ќе го прикаже документарецот „Жените затвореници на Сирија: Бегство од тортура“

АНКАРА

„ТРТ Ворлд" (TRT World) ќе го прикаже документарниот филм „Жените затвореници на Сирија: Бегство од тортура“ во рамки на серијата документарци „Off the Grid“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на ТРТ, меѓународната платформа за вести на Турција „ТРТ Ворлд“ продолжува со пренесување до екраните на приказните на угнетените лица кои живеат под тешки услови во различни места во светот.

Серијата документарци „Off the Grid“ како тема за овој документарец ја одбра тортурата и драмата во затворите на Сирија.

Во документарниот филм „Жените затвореници на Сирија: Бегство од тортура“, што е специјално подготвен за 10-годишнината од почетокот на граѓанската војна во Сирија, се вклучени приказните за спас на жените што биле изложени на тортура во затворите на Башар ал Асад, и нивниот нов живот.

Тоа што овие жени го истакнаа за „ТРТ Ворлд“ целосно го открива тоа како војната го нарушила животот на милиони лица.

Оваа епизода на серијата документарци „Off the Grid“ именувана како „Жените затвореници на Сирија: Бегство од тортура“ ќе се емитува на 5 мај, сабота, во 16:30 часот по турско време на „ТРТ Ворлд“.

- „До екраните ги пренесуваме болките на сирискиот народ“

Директорот за вести при „ТРТ Ворлд“, Ерман Јуксел, истакна дека со разбирањето со кое човекот се става во центарот на веста, „ТРТ Ворлд“ веќе долги години преку тв екраните ја пренесува болката на сирискиот народ.

„Со овој документарец што го подготвивме по повод 10-годишнината од големата драма во Сирија, фрламе светло врз приказните полни со тортура на жените во земјата, како и врз нивната борба за нов живот“, рече Јуксел.

- „Живеевме 32 лица во ќелија од 9 квадратни метри“

Лола Ага, жена изложена на тортура во затвор во Сирија, истакна дека тоа што го доживеале и на што биле сведоци наликува на хорор-филм.

Лола рече дека била врзана на ѕидот за нејзините зглобови и дека имала потешкотии да стои на прсти.

„Живеевме 32 лица во ќелија од 9 квадратни метри. Дневно по три пати во одредени часови ни беше дозволено да користиме тоалет. Поголемиот дел од времето нашите потреби за тоалет моравме да ги задоволуваме во ќелијата“, додаде таа.

Како што кажа, одлучила да дојде во Турција со нејзините деца за да започне нов живот.

Лола нагласи дека нејзините деца биле многу среќни кога ги забележале светлата на границата на турската страна.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın