Турција и Сирија разговараа за медиумска соработка и регионална стабилност
- Средбата се одржа по панел-дискусијата насловена „Улогата на Турција како миротворец во конфликтните зони од медиумска перспектива“, во организација на Дирекцијата за комуникации на Турција.
ИСТАНБУЛ (АА) – Директорот за комуникации на Турција, Бурханетин Дуран денес во Анкара се сретна со сирискиот министер за информации Хамза ал-Мустафа, при што разговараа за билатералните односи и соработката во областа на стратегиските комуникации, јавува Анадолу.
Средбата се одржа по панел-дискусијата насловена „Улогата на Турција како миротворец во конфликтните зони од медиумска перспектива“, во организација на Дирекцијата за комуникации на Турција.
Во соопштението објавено на турската социјална мрежа NSosyal, Дуран изрази задоволство од можноста да го пречека Ал-Мустафа и истакна дека разговорите биле фокусирани на актуелната состојба и иднината на односите меѓу Турција и Сирија.
Според него, двете страни размениле мислења за значењето на одржувањето на комуникациските и дипломатските канали, со цел воспоставување регионален мир, стабилност и безбедност.
Во разговорите било нагласено и значењето на одговорноста на медиумите во услови на конфликт, како и потребата од заедничко разбирање за заштита на вистината.
Дуран посочи дека двете страни ја потврдиле заемната волја за зајакнување на соработката во стратегиските комуникации, јавната дипломатија и борбата против дезинформациите.
Тој додаде дека под водство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Турција продолжува со напорите за постигнување траен мир, правда и стабилност во регионот, при што Дирекцијата за комуникации останува посветена на одбраната на вистината и обезбедувањето точни информации до јавноста.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
