Турција

Турција и Сирија планираат нови механизми за зајакнување на трговската размена

- Турскиот министер за трговија, Омер Болат, ги најави плановите за одржување на состанокот на Заедничкиот економски и трговски комитет (JETCO) напролет и модернизација на царинските премини за подобрување на регионалната поврзаност со Сирија

Gökhan Ergöçün  | 25.02.2026 - Обновена : 25.02.2026
Турција и Сирија планираат нови механизми за зајакнување на трговската размена

ИСТАНБУЛ (АА) – Турција и Сирија имаат намера да ја унапредат билатералната трговија преку воспоставување нов заеднички механизам во претстојниот период, изјави турскиот министер за трговија Омер Болат денес, јавува Анадолу.

Болат оствари телефонски разговори со раководителот на Сириската генерална управа за гранични премини и царини, Кутејбе Ахмед Бедеви, како и со сирискиот министер за економија и индустрија, Нидал ал-Шаар, информираше министерот преку турската социјална мрежа „NSosyal“.

Во разговорот меѓу Болат и Бедеви биле сеопфатно разгледани можностите за соработка во областа на царините, вклучително и унапредување и забрзување на процедурите во меѓусебната трговија.

Дискусиите биле фокусирани на модернизација и проширување на царинските премини, како и на забрзување на транзитните премини меѓу двете земји.

Двете страни се согласиле што поскоро да се одржи првиот состанок на Заедничкиот турско-сириски царински комитет, согласно со првичниот договор потпишан во декември минатата година.

Зајакнувањето на логистичките мрежи, според Болат, ќе придонесе за подобра регионална поврзаност, поттикната од новата администрација во Сирија.

Во разговорот со Ал-Шаар биле разгледани чекорите за дополнително зајакнување на инвестициските односи и вкупната трговска размена, која минатата година достигнала 3,7 милијарди долари.

Двајцата министри постигнале договор за тоа состанокот на Заедничкиот економски и трговски комитет (JETCO) да се одржи напролет. Исто така, било договорено организирање на сеопфатен бизнис и инвестициски форум во рамки на состанокот.

Болат нагласи дека Турција ќе продолжи со напорите за зголемување на трговијата и зајакнување на билатералното партнерство со Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın