Турската Влада заштеди 9,5 милијарди долари во 2020 година
„Никогаш нема да правиме компромис за фискалната дисциплина, освен борбата против пандемијата на Ковид-19“, напиша турскиот министер а трезор и финансии, Лутфи Елван

АНКАРА
Турскиот министер за трезор и финансии, Лутфи Елван денес изјави дека турската Влада заштедила околу 66,5 милијарди турски лири (9,5 милијарди долари) во 2020 година, цитирајќи ги бројките од буџетскиот баланс кој ја надмина овогодишната цел, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Никогаш нема да правиме компромис за фискалната дисциплина, освен борбата против пандемијата на Ковид-19“, напиша Елван на социјалната мрежа Твитер.
„Владиниот буџетски биланс забележа дефицит од 172,7 милијарди турски лири (24,7 милијарди долари) во 2020 година, под целта од 239,2 милијарди турски лири (34 милијарди долари)“, рече тој, нагласувајќи дека фискалните политики ќе продолжат да бидат во согласност со антиинфлаторните политики.
„Преземаме трајни мерки за подобрување на буџетот за 2021 година“, објави тој на Твитер, споделувајќи дека целта на Владата за буџетски дефицит за 2021 година е 3,5 отсто од БДП.
Објавувајќи ги бројките за буџетскиот биланс минатата недела, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека ако се постигне целта за раст за 2020 година, односот на буџетскиот дефицит кон БДП ќе достигне 3,6 отсто, надминувајќи ја целта на среднорочната програма.
„Нашите макроекономски политики ќе обезбедат балансирана побарувачка и одржлив раст“, рече министерот за финансии.
Според новата економска програма на земјата објавена во септември минатата година, владата очекуваше да забележи 4,9 отсто сооднос на буџетскиот дефицит-бруто-домашен производ во 2020 година.
Во 2020 година, просечната курсна стапка на американскиот долар / турската лира изнесуваше околу 7,02.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.