Се одржа турско-сириски бизнис форум со цел зајакнување на комуникацијата меѓу турските и сириските компании
- Новата сириска администрација се обидува да ги обнови односите со меѓународната заедница
ИСТАНБУЛ (АА) - Турско-сирискиот бизнис форум, поврзан со секторот за градежништво и градежни материјали, се одржа во петокот во Алепо, Сирија, објави сириската државна телевизија Ал-Ихбарија, известува Анадолу.
Делегации на бизнисмени од двете земји учествуваа на форумот што го организираше Здружението на независни индустријалци и бизнисмени на Турција (МУСИАД).
Форумот беше организиран со цел зајакнување на комуникацијата меѓу турските и сириските компании преку состаноци и сесии, како и разговори за можностите за инвестирање и соработката во проектите за реконструкција.
Тој се одржа во рамките на договорите за соработка што опфаќаат различни сектори меѓу сириската и турската влада.
Новата сириска администрација се обидува да ги обнови односите со меѓународната заедница.
Претходно, на почетокот на декември бизнис форум Турција-Сирија се одржа во Истанбул.
