економија

Биткоинот достигна 109.000 долари, поставувајќи нов историски рекорд

Во последните 24 часа, најголемата криптовалута се движеше во опсег од 99.400 до 109.110 долари

Gökhan Ergöçün  | 20.01.2025 - Обновена : 21.01.2025
Биткоинот достигна 109.000 долари, поставувајќи нов историски рекорд

ИСТАНБУЛ (АА) – Цената на биткоинот денес достигна 109.000 долари, поставувајќи нов историски рекорд, јавува Анадолу.

Во последните 24 часа, најголемата криптовалута се движеше во опсег од 99.400 до 109.110 долари.

Пред претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД) во ноември 2024 година, со биткоинот се тргуваше на ниво од 70.000 долари, а оттогаш бележи раст од околу 55 отсто.

По победата на Доналд Трамп на изборите, пазарот очекува позитивни промени за криптовалутите, бидејќи тој вети дека САД ќе станат „криптопрестолнина“ на планетата.

Според податоците на „Coinmarketcap“, моменталната пазарна капитализација на биткоинот изнесува 2,14 билиони долари, со 24-часовен трговски обем од 111,5 милијарди долари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.