Балкан, Коронавирус

Црна Гора: Регистрирани се 60 нови случаи на Ковид-19

- Во Црна Гора од почетокот на јуни се регистрирани вкупно 517 случаи на заразување со Ковид-19, од кои пет заразени починале како последица на компликации предизвикани од вирусот.

Samir Kajoševic   | 06.07.2020
Црна Гора: Регистрирани се 60 нови случаи на Ковид-19

ПОДГОРИЦА

Во Црна Гора се регистрирани 60 нови случаи на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

Инстутот за јавно здравје на Црна Гора соопшти дека се анализирани 511 примероци на новиот коронавирус, од кои 60 биле позитивни.

„Меѓу новооткриените заразени најмногу има во Подгорица, каде се регистрирани 37 нови случаи. Откриено е дека 30 новозаразени се контакти на претходно потврдени случаи додека кај исто толку заболени се трага по изворот на заразувањето“, изјавија од Институтот.

Во Црна Гора од почетокот на јуни се регистрирани вкупно 517 случаи на заразување со Ковид-19, од кои пет заразени починале како последица на компликации предизвикани од вирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın