Северна Македонија: Регистрирани нови 194 случаи на Ковид-19, починати две лица
- Министерството за здравство потврди два нови смртни случаи од последиците на Ковид-19, со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 739.

СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 194 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 17.977, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство потврди два нови смртни случаи од последиците на Ковид-19, со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 739.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 158 оздравени пациенти од Ковид-19 со што вкупната бројка на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 14.959.
Во моментов бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 2.279.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1697 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 188.777 тестирања на овој вирус.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.