Северна Македонија: Од Ковид-19 починаа 21 лице, регистрирани 444 новозаразени
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 894 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 79.621

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 444 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 91.161, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 21 лице, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.812.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 894 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 79.621.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 8.728.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.518 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 445.795 тестирања.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.