Балкан

Северна Македонија: Забраната за движење ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење е вечерта меѓу 13 и 14 мај за време на верскиот празник Рамазан бајрам.

Admir Fazlagic  | 04.05.2021 - Обновена : 05.05.2021
Северна Македонија: Забраната за движење ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден ( Фото: Архива / Агенција Анадолија )

СКОПЈЕ 

Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од 5 мај, среда, забраната за движење (полицискиот час) наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи", се вели во соопштението на Владата на Северна Македонија.

Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2, информираат од Владата.

Потсетуваме, во претходните денови, Владата соопшти дека исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, и вечерта меѓу 13 и 14 мај за време на верскиот празник Рамазан бајрам.

Како што беше соопштено, мерките важат до 15 мај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.