Балкан

Во Скопје продолжуваат подготовките за месецот Рамазан

- На тезгите се изложени урми, суво овошје, локум и различни прехранбени производи, додека на пазарот се забележува зголемена фреквенција на граѓани

Dzihat Aliju  | 17.02.2026 - Обновена : 17.02.2026
Во Скопје продолжуваат подготовките за месецот Рамазан Umeys Sulejman/AA

СКОПЈЕ (АА) - Во една од најфреквентните зони на Скопје, Бит-пазар, продолжуваат подготовките за месецот Рамазан, месец што e свет за муслиманите низ целиот свет, јавува Анадолу.

На тезгите се изложени урми, суво овошје, локум и различни прехранбени производи, додека на пазарот се забележува зголемена фреквенција на граѓани.

Пред почетокот на месецот Рамазан, граѓаните се снабдуваат со потребните производи за ифтарските и сухурските трпези.

Трговците истакнуваат дека интересот е зголемен особено за урмите и основните прехранбени производи, а во секој агол на пазарот владее раздвиженост.

Според соопштението на Исламската верска заедница на Северна Македонија (ИВЗ), првата теравија ќе се клања утре, на 18 февруари, додека наредниот ден започнува постот.

И џамиите во главниот град се исчистени и подготвени за овој месец.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.