Северна Македонија: Во последните 24 часа регистрирани 356 нови случаи на Ковид-19
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 15 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.754.

СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 356 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 89.817, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 15 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.754.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 587 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 75.387.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 11.676.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.906 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 437.267 тестирања.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.