Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Во последните 24 часа регистрирани 17 нови случаи на Ковид-19

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 241

Furkan Abdula   | 22.07.2021
Северна Македонија: Во последните 24 часа регистрирани 17 нови случаи на Ковид-19

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 17 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.981, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие почина едно лице, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.489.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 150.251.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 241.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.896 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 941.178 тестирања

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.