Северна Македонија: Во последните 24 часа откриени 383 случаи на Ковид-19
Министерството за здравство на земјата информира дека починале уште седум лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 792
СКОПЈЕ
Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани се рекордни 383 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 20.937, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на земјата информира дека починале уште седум лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 792.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени од овој вирус изнесува 16.194
Во моментот активни се 3.671 случаи на Ковид-19 во земјата.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.648 тестирања за вирусот. Досега во земјата се направени вкупно 207.891 тестирања на Ковид -19.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
