Средба Муцунски - Ал Зејуди: Отворени врати за нови инвестиции и заеднички проекти
- Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, во рамките на посетата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска оствари средба со министерот за надворешни работи, Тани бин Ахмед ал Зејуди
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, во рамките на посетата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска оствари средба со министерот за надворешни работи, Тани бин Ахмед ал Зејуди, известува Анадолу.
На средбата двајцата министри ги потврдиле одличните билатерални односи и го истакнале растечкиот потенцијал за продлабочување на соработката. Во разговорот посебен акцент бил ставен на економијата, трговијата и инвестициите како приоритетни области за идна соработка.
Министрите ја потврдиле подготвеноста на двете држави да ја интензивираат соработката во областите од заемен интерес, вклучувајќи инфраструктура, енергетика, туризам и технологија – сектори во кои ОАЕ се препознава како глобален лидер во иновациите.
Муцунски и Ал Зејуди се согласија дека денешната средба отвора врати за нови инвестиции и заеднички проекти кои значително ќе ја зајакнат економската поврзаност меѓу двете земји.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
