Северна Македонија: Во изминатото деноноќие регистрирани 25 нови случаи на Ковид-19, починати се 16 лица
Во моментот бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 10.572

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 25 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 154.051, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период пријавени се 16 починати лицa, а билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.109.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 408 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 138.370.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 10.572.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.016 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 741.021 тестирања.