Балкан

Хрватскиот Парламент го усвои Законот за изградба на центар за отстранување на радиоактивен отпад на Трговска Гора

Законот ја регулира изградбата и основањето на Центарот за управување со радиоактивен отпад, наменет за складирање на отпад со ниско и средно ниво на радиоактивност генериран на територијата на Хрватска

Stipe Majic  | 15.12.2025 - Обновена : 15.12.2025
Хрватскиот Парламент го усвои Законот за изградба на центар за отстранување на радиоактивен отпад на Трговска Гора Фото: Stipe Majic/AA

ЗАГРЕБ (АА) - Хрватскиот Парламент (Сабор) денес со мнозинство гласови го усвои Законот за изградба на Центар за отстранување на радиоактивен отпад, со кој се создаваат законски и просторно-плански претпоставки за изградба на национален центар за долгорочно складирање на радиоактивен отпад, јавува Анадолу.

Вкупно 134 претставници гласаа за Законот, 77 претставници беа „за“, 36 воздржани, додека 21 претставник беа „против“.

Законот ја регулира изградбата и основањето на Центарот за управување со радиоактивен отпад, наменет за складирање на отпад со ниско и средно ниво на радиоактивност генериран на територијата на Република Хрватска, како и отпад што Хрватска го презема врз основа на меѓународните обврски поврзани со работењето на Нуклеарната централа „Кршко“.

Поранешната воена локација Черкезовац на Трговска Гора е наведена во законот како претпочитана локација за изградба на Центарот, каде што е планирана изградба на централен складиштен објект за радиоактивен отпад и искористени извори.

Пратеникот Армин Хоџиќ, член на владејачкото мнозинство, се воздржа од гласање бидејќи, како што рече, e свесен за чувствителноста на ова прашање, неговата долгорочна еколошка димензија и посебните грижи на населението по должината на границата со Босна и Херцеговина.

„Прашањето за Трговска Гора не може и не смее да се сведе на техничка или административна одлука. Ова е тема што влијае на заштитата на здравјето на луѓето, зачувувањето на животната средина и добрососедските односи меѓу Република Хрватска и Босна и Херцеговина и како таква бара дополнителни гаранции, транспарентност и континуиран дијалог со сите вклучени страни. Воздржаноста во овој случај е израз на мојот став и порака дека ова прашање не е затворено, туку бара понатамошно разгледување, посилна меѓународна рамка и јасно вклучување на стручната и локалната јавност“, рече Хоџиќ.

Во своето образложение, Владата нагласи дека донесувањето на законот е неопходно за исполнување на обврските кон Европската Унија и меѓународните договори, како и за обезбедување долгорочно и безбедно отстранување на радиоактивниот отпад.

За време на дискусијата, дел од опозицијата и претставниците на локалните заедници изразија противење на проектот, предупредувајќи на можните еколошки и безбедносни ризици, додека одредени политички актери од соседна БиХ изразија загриженост во врска со планираната локација на Трговска Гора, која се наоѓа близу до граничната линија.

Донесувањето на законот го отвора патот за продолжување на активностите за имплементација, вклучително и документацијата за просторно планирање и подготовката на проектот за изградба на центарот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.