Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Бројот на вакцинирани граѓани против Ковид-19 надмина 240.000

Во соопштението се вели дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата „vakcinacija.mk“ е 437.339 граѓани.

Furkan Abdula  | 03.06.2021 - Обновена : 04.06.2021
Северна Македонија: Бројот на вакцинирани граѓани против Ковид-19 надмина 240.000

СКОПЈЕ 

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека заклучно со вчера, во земјата се вакцинирани над 240.000 граѓани против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на ова министерство, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

Во соопштението се вели дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата „vakcinacija.mk“ е 437.339 граѓани.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 241.368 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.067 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 15.756 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 362.710 дози вакцини, а ревакцинирани се 121.342 граѓани. Со последните бројки 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, се наведува во соопштението.

Се истакнува дека вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација и дека се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата „vakcinacija.mk“, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Како што се нагласува во соопштението, масовна вакцинација се одвива во неколку града во државата, меѓу кои во Скопје, Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на „vakcinacija.mk“, бидејќи, според соопштението, тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.