Извлечена ждрепката за Светското првенство, Северна Македонија ја дозна групата во случај на квалификација
- Северна Македонија може да биде на Светското првенство во Групата А заедно со Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја доколку ја надмине плејоф фазата
СКОПЈЕ (АА) – Извлечена е ждрепката за групната фаза на Светското првенство во фудбал во 2026 година, а репрезентацијата на Северна Македонија, која сè уште се натпреварува во плејоф фазата за обезбедување место на првенството, ги дозна потенцијалните противници во групата во случај на квалификација, јавува Анадолу.
Првпат 48 земји ќе учествуваат на Светското првенство. Досега 42 земји обезбедија место. Од последните шест земји што ќе обезбедат пласман на СП 2026, четири ќе се квалификуваат од плејоф рундата на европските квалификации, а две ќе се квалификуваат од интерконтиненталните квалификации.
На ждрепката, одржана во главниот град на САД, Вашингтон, присуствуваа шефовите на земјите домаќини - САД, Канада и Мексико - претседателот Доналд Трамп, премиерот Марк Карни и претседателката Клаудија Шајнбаум, како и високи личности од светот на фудбалот, вклучително и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Северна Македонија може да биде на Светското првенство во Групата А заедно со Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја доколку во полуфиналето од плејофот во Групата Д ја победи Данска како гостин, а потоа и победникот од натпреварот помеѓу Чешка и Ирска.
Полуфиналето од плејофот за обезбедување билет за Светското првенство ќе се одржи во март следната година.
Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули 2026 година.
Групите за Светското првенство во 2026 година по ждрепката се следниве:
Група А:
Мексико, Јужна Африка, Јужна Кореја, победникот од европскиот плејоф Д
Група Б:
Канада, Катар, Швајцарија, победникот од европскиот плејоф А
Група Ц:
Бразил, Мароко, Хаити, Шкотска
Група Д:
САД, Парагвај, Австралија, победникот од европскиот плејоф Ц
Група Е:
Германија, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор, Курасао
Група Ф:
Холандија, Јапонија, Тунис, победникот од европскиот плејоф Б
Група Г:
Белгија, Египет, Иран, Нов Зеланд
Група Х:
Шпанија, Саудиска Арабија, Уругвај, Зелен ’Рт
Група И:
Франција, Сенегал, Норвешка, победникот од интерконтиненталниот плејоф 2
Група Ј:
Аргентина, Алжир, Австрија, Јордан
Група К:
Португалија, Узбекистан, Колумбија, победникот во интерконтиненталниот плејоф 1
Група Л:
Англија, Хрватска, Панама, Гана
