Балкан

Претседателот на Албанија, Мета, се состана со неговиот словенечки колега Пахор

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, остварува работна посета на Албанија, во рамки на подготовките за наредниот состанок на процесот Брдо-Бриони, кој ќе се одржи на 17 мај оваа година,

Fatjon Cuka   | 06.05.2021
Претседателот на Албанија, Мета, се состана со неговиот словенечки колега Пахор Фото: Официјална Фејсбук страница на претседателот Илир Мета / АА

ТИРАНА

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, остварува работна посета на Албанија, во рамки на подготовките за наредниот состанок на процесот Брдо-Бриони, кој ќе се одржи на 17 мај оваа година, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Похор во рамки на посетата се состана со претседателот на Албанија, Илир Мета.

Албанскиот претседател Мета на социјалните мрежи напиша дека односите меѓу двете земји се многу добри, и дека Словенија е важен регионален и европски партнер за Албанија.

„Словенија ќе го организира следниот Самит на Процесот Брдо-Бриони на 17 мај и во исто време ќе го преземе претседавањето со Европската Унија на 1 јуни оваа година“, нагласи Мета.

„Разговорите за овие две важни настани, како и за билатералните односи меѓу нашите две пријателски земји, му даваат додатна вредност на присуството на претседателот на Словенија денеска во Албанија“, додаде албанскиот претседател.

Меѓу другото, се очекува Мета и Пахор денеска да одржат заедничка прес-конференција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın