Балкан

Во Албанија се одржа протест против корупцијата и сиромаштијата

- Стотици граѓани протестираа пред Собранието на Албанија во Тирана, за време на парламентарната седница, на која беше планирано да се одобри и буџетот за 2026 година

Fatjon Cuka  | 12.12.2025 - Обновена : 12.12.2025
Во Албанија се одржа протест против корупцијата и сиромаштијата Olsi Shehu/AA

Tiranë

ТИРАНА (АА) - Во Албанија се одржа протест под мотото „Народот против корупцијата и сиромаштијата“, јавува Анадолу.

Стотици граѓани протестираа пред Собранието на Албанија во Тирана, за време на парламентарната седница, на која беше планирано да се одобри и буџетот за 2026 година.

Протестот беше организиран од опозициското Движење Заедно, со барања за „разрешување на премиерот Еди Рама и вицепремиерката Белинда Балуку“, која е суспендирана од должност.

За време на протестот, активистите и граѓаните истакнаа транспаренти со пораки против Владата на Албанија и нејзините претставници, според нив поради случаи на корупција и против нацрт-буџетот за 2026 година.

Според организаторите, тие бараат и воспоставување минимална плата за живот како основа за зголемување на пензиите и одобрување на статусот на рударите.

Демонстрантите нагласија дека бараат зголемување на буџетот за образование и здравство на 4 проценти и 5 проценти од бруто домашниот производ (БДП).

Потсетуваме дека Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал (GJKKO) на 19 ноември одлучи да ја суспендира вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, од нејзината функција, а исто така ѝ изрече и „забрана за напуштање на земјата“.

Според властите, таа е обвинета за кривично дело „повреда на рамноправноста на учесниците во тендери или јавни аукции“, додека спорното прашање предизвика реакции од опозициските политички партии и активисти.

Случајот Владата на Албанија го достави до Уставниот суд, кој се спротивставува на суспензијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın