Балкан

ВМРО-ДПМНЕ одржа народен собир пред Владата, побарани предвремени избори

„Избори мора да има. Предвемени парламенатарни избори заедно со претседателските мора да има. Ајде да подготвиме чист и еднаков терен за сите политички партии", порача Мицкоски.

Admir Fazlagic  | 03.06.2018 - Обновена : 03.06.2018
ВМРО-ДПМНЕ одржа народен собир пред Владата, побарани предвремени избори (Foto: Besar Ademi/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ вечерва пред Владата на Република Македонија одржа народен митинг со кој искажа незадоволство од политиките на актуелната влада предводена од премиерот Зоран Заев, а лидерот на опозицијата Христијан Мицковски побара одржување на предвемени парламентарни избори заедно со претседателските, јавува Anadolu Agency (AA).

На митингот организиран пред Владата на Република Македонија присуствуваа илјадници граѓани од цела Македонија. Собраните граѓани извикуваа различни пароли меѓу кои: „Македонија, Македонија", „Едно име имаме", „Доста е!" ... искажувајќи го незадоволството од досегашното, едногодишно владеење на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање упати критики до актуелната власт, истакнувајќи дека помина една година на разочарувања, изневерени очекувања, година на економски неуспеси и лажни ветувања.

„Дали живеете подобро, дали мислите како тргнало ќе живеете подобро? Нема тоа да се случи драги браќа и сестри. Затоа, да застанат додека не е предоцна, да ги застанеме додека не е предоцна. Избори мора да има. Предвемени парламенатарни избори заедно со претседателските мора да има. Ајде да подготвиме чист и еднаков терен за сите политички партии", порача Мицкоски пред зобраните граѓани повикувајќи одржување на предвемени избори и формирање на техничка влада на 100 дена пред изборите, исто, како што посочи тој, кога во Македонија се одржале последните предвемени парламентарни избори во декември 2016 година.

Во своето обраќање Мицкоски се осврна и на преговорите околу решавањето на спорот со името помеѓу Македонија и Грција исткнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на устав со цел промена на уставното име.

„Сакам да порачам и да повторам, ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи промнена на устав со цел промена на уставното име. Од ова појасен став нема. Историјата ќе суди кој бил во право, а името на нашата партија било и ќе биде Внатрешна македонска револуционерна организација -Демократска партија за за македонско национално единство", порача Мицкоски.

Меѓудругото, Мицкоски во својот говор посочи дека и Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и другите граѓани во Македонија немаат подобар живот и подобро секојдневие, порачувајќи дека на граѓаните им треба напредок и просперитет, а не поделби.Тој рече дека на Албанците во Македонија им треба економија, а не противуставни закони за јазици.

На крајот, опозицискиот лидер Мицкоски, порача дека опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја чека работно лето, истакнувајќи дека ќе ги посетат сите граѓани и сите места во Македонија и со граѓаните ќе разговараат за проблемите со цел нивно надминување.

На вечерашниот собир, преку видео линк на собраните граѓани им се обратија премиерот на Унгарија Виктор Орбан и претседателот на Европската народна партија Жозеф Дол, кои во своите говори искажаа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın