Балкан

Бугарија сака од САД да купи осум борбени авиони „Ф-16“

Бугарскиот министер за одбрана и вицепремиерот Красимир Каракачанов, изјави дека по оваа одлука на Парламентот ќе бидат во можност да имаат пофлексибилни преговори со САД за купување нова флота авиони

İhvan Radoykov  | 16.01.2019 - Обновена : 16.01.2019
Бугарија сака од САД да купи осум борбени авиони „Ф-16“

Sofiya

СОФИЈА (АА) - Бугарскиот Парламент ги одобри денес преговорите со Соединетите Американски Држави (САД) за купување на осум нови борбени авиони од типот „F-16 Block 70“ за потребите на Воздухопловните сили на Бугарија, јавува Anadolu Agency (AA).

Се очекува дека „F-16“ ќе ги заменат руските авиони Миг 21 и 29, што ги користеа воздухопловните сили.

Планот за започнување преговори наиде на дискусија во бугарскиот Парламент. Против преговорите беа пратениците на главната опозициска Бугарска социјалистичка партија (BSP).

Бугарскиот министер за одбрана и вицепремиерот Красимир Каракачанов, изјави дека по оваа одлука на Парламентот ќе бидат во можност да имаат пофлексибилни преговори со САД за купување нова флота на авиони.

„Доколку не успеат овие преговори, тогаш ќе преговараме со Шведска за купување на авионот Грипен“, изјави Каракачанов.

Според неговите зборови, во нормални услови овој вид преговори траат околу осум месеци. Бугарскиот министер смета дека тие ќе бидат завршени за најмногу четири месеци.

Парламентот, минатата година, за купување на авионите издвои буџет од околу милијарда евра. Засега не е познато колкав е буџетот за овогодишното купување.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın