свет

Трамп: САД ги прекинуваат сите трговски разговори со Канада за дигиталниот данок

- „Врз основа на овој скандалозен данок, со ова ги прекинуваме СИТЕ разговори за трговија со Канада, што стапува на сила веднаш“

Diyar Güldoğan  | 27.06.2025 - Обновена : 27.06.2025
Трамп: САД ги прекинуваат сите трговски разговори со Канада за дигиталниот данок

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) ги прекинуваат трговските разговори со Канада во врска со данокот на дигитални услуги што земјата го воведува врз технолошките компании, јавува Анадолу.

„Врз основа на овој скандалозен данок, со ова ги прекинуваме СИТЕ разговори за трговија со Канада, што стапува на сила веднаш“, порача Трамп и додаде:

„Во рок од следните седум дена ќе ја известиме Канада за тарифата што ќе ја плаќа за бизнис со Соединетите Американски Држави“, истакна Трамп на „Трут сошал“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın