свет

Судири на протестот во Њујорк против поддршката на САД за Израел

- Веејќи палестински знамиња и извикувајќи слогани, демонстрантите повикаа на итен прекин на огнот и побараа од американската Влада да ги запре испораките на оружје за Израел

Elena Trenchevska Chekovikj  | 27.06.2025 - Обновена : 27.06.2025
Судири на протестот во Њујорк против поддршката на САД за Израел

СКОПЈЕ (AA) - Илјадници пропалестински демонстранти маршираа низ улиците на Њујорк протестирајќи против воената офанзива на Израел во Газа и осудувајќи ја континуираната американска воена и финансиска поддршка за Израел, јавува Анадолу.

Веејќи палестински знамиња и извикувајќи слогани, демонстрантите повикаа на итен прекин на огнот и побараа од американската Влада да ги запре испораките на оружје за Израел.

Тензиите ескалираа за време на протестот кога избувнаа конфронтации меѓу пропалестинските и произраелските демонстранти. Полицијата интервенираше, при што изврши неколку апсења додека ситуацијата стануваше сѐ понестабилна.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската Армија спроведува брутална офанзива врз Газа од октомври 2023 година, во којашто се убиени речиси 56.300 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради воените дејства во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın