Бијело дугме одржа концерт во Скопје, пред илјадници љубители на нивната музика
- Концертот го започнаа со песната „Мјесец", потоа следуваше нивната позната песна „Пљуни и запјевај Југославијо", потоа со „Шта има ново", па се до самиот крај се редеа нивните многубројни хитови, кои публиката ги пееше заедно со нив во еден глас

Skopje
СКОПЈЕ (АА) - Познатиот бенд уште од времето на поранешна Југославија, Бијело Дугме вечерва во полната „Вип Арена" во Скопје одржа концерт, на кој имаа прилика да уживаат многубројните љубители на овој легендарен бенд, јавува Anadolu Agency (AA).
Концертот го започнаа со песната „Мјесец", потоа следуваше нивната позната песна „Пљуни и запјевај Југославијо", потоа со „Шта има ново", па се до самиот крај се редеа нивните многубројни хитови, кои публиката ги пееше заедно со нив во еден глас.
Најпрвин на сцената се појавија Горан Бреговиќ и Ален Исламовиќ, а во вториот дел од концертот им се придружи и пејачот Младен Војичиќ- Тифа.
На концертот присуствуваа многубројни љубители од сите генерации, кои уживаа во хитовите на овој познат бенд.
Инаку, Бијело Дугме во Скопје доаѓа после рекордно распродадени три арени во Белград, со сет листа која содржи повеќе од 30 слободно може да се каже легендарни песни на еден од најпознатите бендови на просторите на Балканот и пошироко.
Бијело дугме важи за една од најпознатите рок групи на просторите на поранешна Југославија, основана во Сараево 1974 година. Зад себе имаа бројни хитови и настапи ширум светот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.